Фокус група со социјални работници од ЦСР

Денеска, 18 март 2021, проектот организираше фокус група со учество на 19 социјални професионалци од Центрите за социјална работа. Слични фокус групи се организирани со некоку општини, дневни центри и социјални даватели на услуги за домашна нега. Марија Маринаку, тим лидер на проктот, го модерираше настанот.

Во фокус групата се разговараше за:

1. Презентација на проектот за Поддршка на модернизацијата и деинститутионализацијата на социјалните услуги;

2. Резиме на 55 лични интервјуа со наоди од социјални професионалци и трендови на обуки;

3. Сесија за прашања и одговори:

– Управување со случаи: Достигнувања и предизвици

– Минимален приход и активирање: Соработка со АВРМ

– Влијанието на Ковид-19 врз социјалните професионалци и корисници

– Мултидисциплинарни тимови во центрите за социјална работа: Како да се работи?

4. Видео за мултидисциплинарни тимови

5. Научени лекција / Евалуација на Фокус групата

Им се заблагодаруваме на сите учесници за нивниот вреден придонес и дискусија.