Обука: Мониторинг и евалуација на лиценцирани даватели на социјални услуги

Денеска, во х. Мериот во Скопје, се одржа обуката за градење капацитети „Мониторинг и евалуација на лиценцирани даватели на социјални услуги“. Седумдесетина учесници, претставници од лиценцирани даватели на социјални услуги, центри за социјални услуги, МТСП и Заводот за социјални дејности учествуваат во размена на искуствата од примената на новата методологија за мониторинг и евалуација.

Проектот го координира и спроведува процесот на пилотирање и тестирање на алатките за мониторинг и евалуација на социјални услуги и воспоставувањето на ефикасен систем за М&E на ниво на даватели на услуги, локално и централно ниво. Во пилотирањето се вклучени три лиценцирани даватели на социјални услуги кои работат во областите помош и нега во домот, лична асистенција, живеење со поддршка и дневна нега.

Претставниците од лиценцираните даватели на социјални услуги: Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес Инклузива-Inkluziva Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица ги споделија нивните искуства поврзани со подготовка на месечен извештај за испорачана услуга и корисноста од водење евиденција на неделно ниво за испорачана услуга по корисник. Воедно истакнаа дека овој вид на известување ќе им ја олесни работата но во исто време ќе им овозможи да имаат увид во сработеното, ефикасноста и промените кои можат да се случат кај корисниците на месечно ниво.

Овој вид на дигитално известување е можно и реално, но истото бара добра подготовка и тренинг кај негувателите, личните асистенти, лица за грижа но и подготовка на претставниците од центрите за социјална работа, локална самоуправа и други засегнати страни.

Денешната обука е дел од повеќемесечните напори на проектот за тестирање и воведување мониторинг и евалуација на социјални услуги и воспоставувањето на ефикасен систем за М&E на ниво на даватели на услуги, локално и централно ниво. Процесот на тестирање, кој го координира и води проектниот тим Алксандра Георгиевска, експертка и Марија Маринаку, тим лидерка, се спроведува во соработка со Заводот за социјални дејности и Министерството за труд и социјална политика.