Обука: Осмислување, управување, следење и оценување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата

Осумдесетина учесници, даватели на социјални услуги и претставници од центрите за социјална работа учествуваа на денешната обука „Осмислување, управување, следење и оценување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата“.

Обучувачот Алаксандра Георгиевска го претстави концептот за квалитет на социјалните услуги, како и домените за следење и оценување на квалитетот на социјалната услуга, задоволството и благосостојбата на корисниците.

Обуката се одржа со цел социјалните професионалци да се стекнат со вештини за подобро да планираат, управуваат и спроведуваат квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата, како и да стекнат вештини за користење алатки и методи во секојдневната работа за мерење на квалитетот на социјалните услуги, задоволството на корисниците од услугите и животот на корисникот.

Учесниците, преку практична работа, во првата вежба има можност да ги идентификуваат елементите за квалитет во рамките на постојните стандарди за социјални услуги во Република Северна Македонија за следниве услугите помош и нега во домот, лична асистенција, живеење со поддршка и услуга на дневен престој, како и да направат можен список на предлози за понатамошни подобрувања.

Во втората работна задача учесниците подготвија листа на прашања и работи кои треба да се земат во предвид при спроведување на надворешен мониторинг врз квалитетот на социјалната услуга.

Обуката „Осмислување, управување, следење и оценување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата“, организирана во соработка со Заводот за социјални дејност, е пост-квалификациска обука за социјални професионалци со долгогодишно работно искуство.

Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.

За сите известувања следете не на социјалните мрежи ФејсбукИнстаграм и Твитер.