Обука за развивање локални социјални планови

Со идеја да се зајакнат капацитетите на надлежните институции во општините (вклучително и единиците на локална самоуправа) за изработка на социјални планови на локално ниво и да презема водечка улога во развојот на локалните системи на социјални услуги преку локални иницијативи и меѓу секторска соработка, денеска се одржа обуката „Изработка на локални социјални планови“.

Педесетина социјални професионалци и претставници од повеќе единици на локалната самоуправа се запознаа со основната структура на социјален план, како и со предусловите и подготовките за изготвување на планот: користење на податоците собрани при мапирање на потребите на корисниците и постоечки социјални услуги и анализа на ресурси на заедницата и согледување на нови можности.

Обучувачот Билјана Дуковска ги престави и чекорите за планирање на човечки и финансиски ресурси и можностите за локална соработка при осмислувањето на стратегија за развој на социјалната заштита на локално ниво.

Учесниците, имаа можност преку две практични вежби да работат на различни делови од структурата на социјалниот план, и да подготват финансиска табела по претходно зададен пример.

Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Видеата и материјалите од претходните обуки ќе ги најдете во категоријата Видео обуки. За пристап до материјалите заинтересираните треба да се регистрираат.

За сите известувања следете не на социјалните мрежи ФејсбукИнстаграм и Твитер.