Одржавме три обуки „Окупациона терапија“ за специјални едукатори

Со идеја да го доближиме развојот на капацитети до социјалните професионалци, нашиот проектен тим организираше три обуки на тема „Окупациона терапија во училишна средина“ за специјални едукатори, дефектолози, педагози, психолози и други специјализации во училиштата за рехабилитација и едукација на ученици со посебни образовни потреби. Обуките ги одржаа обучувачот Стојан Андонов, со над 40 години искуство во рехабилитација и здравствена заштита, и Марија Маринаку, Тим лидер на проектот и експерт повеќе од 25 години професионално искуство во обука и градење капацитети во областите на социјална инклузија / попреченост / активирање / социјална работа / социјални услуги и дизајн на социјални политики.

Првата обука се одржа во ДСУ „Св. Наум Охридски“- Скопје на 14 октомври 2021 година, со фокус на методите и алатките на окупационата терапија поврзани со „меки и лични вештини“, а релевантни за професионална ориентација за адолесцентни ученици со попреченост. Повеќе од 30 професионалци присуствуваа на пленарните презентации и активно учествуваа во вежби за развој на лични или групни планови за градење вештини.

Втората обука, со учество на 38 специјални едукатори, се одржа ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје на 21 октомври 2021 година. Обуката се фокусираше на методите и алатките на работна терапија за унапредување на „секојдневни животни вештини“ релевантни и за градење на капацитети за социјални вештини за основците со попреченост.

Унапредувањето на „ секојдневните животни вештини“ значајни за градење на капацитети за социјални вештини за основците со попреченост беше и во фокусот на третата обука на 2 ноември 2021 година. На обуката што се одржа во просториите на ОУРЦ Иднина во Скопје, присуствуваа 40 едукатори од училиштето и нивните 15 гости и колеги од специјалното училиште ПОУ „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, Струмица. Учецниците присуствуваа на пленарните презентации и практични вежби за развој на лични или групни планови за активности во затворен и во отворен простор, како и за зајакнување на семејството.

Серијата обуки за специјални едукатори продолжува во ноември со уште две обуки во ОУРЦ „Маца Овчарова“ во Велес и ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола.

Галерија од тренинг сесиите:

ДСУ „Св. Наум Охридски“- Скопје на 14 октомври 2021 година

ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје на 21 октомври 2021 година

ОУРЦ „Иднина“ – Скопје и ПОУ „Св. Климент Охридски“ – Ново Село, Струмица на 2 ноември 2021 година