Продолжува доделувањето сертификати за социјалните професионалци и давателите на социјални услуги

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ додели 190 нови сертификати за учество на учесниците кои ги исполнија критериумите за активно учество на три обуки  организирани во сорaботка со Заводот за социјални дејност.

На обуките „Иновациja во социјалните услуги во заедницата“, „Развој на социјални услуги за стари лица и долгорочна грижа“ и „Подготовка на годишен извештај за активности и извештај за внатрешен мониторинг и евалуација“ одржани во периодот септември 2021 – јануари 2022, учествуваа повеќе од 200 социјални професионалци, јавни и приватни даватели на социјални услуги, претставници од единиците за локална самоуправа.

Обуките, организирани во соработка со одделението за ИПА при Министерството за труд и социјална политика и Заводот за социјални дејност, придонесуваат кон континуиран професионален развој на професионалците кои работат во секторот за социјални дејности на национално и на локално ниво, како и давателите на социјални услуги кои воспоставуваат нов социјален сервис во заедниците.

Материјалите од сите до сега одржани обуки (видео и лекции) се достапни за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Можете да ги најдете на нашата интернет платформа, во секцијата Видео обуки. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.

За сите известувања следете не на социјалните мрежи ФејсбукИнстаграм и Твитер.