Продолжува успешната соработка и координација на проектите кои ја поддржуваат и спроведуваат реформата за деинституционализавија и модернизација на социјаните услуги
Групата за координација и соработка помеѓу четири проекти финансирани од ЕУ во Северна Македонија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, се состана вчера во Специјалниот завод Демир Капија.
На состанокот, во присуство на претставници од Министарството за труд и социјална политика, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и раководството и вработените во Специјалниот завод Демир Капија, се разговараше за постигнувањата во процесот на деинституционализација, како и за идните можности за меѓупроектна соработка.
Проектите ги претставија достигнувањата и плановите за идни активности во неколку области од поддршката на деинституционализацијата: подготовка на методологија за индивидуални планови за лицата со попреченост, план за трансформација на СЗ Демир Капија, продолжување на процесот на преселба на лица со попреченост во групни домови за поддржано живеење, обуки и градење на капацитети на социјалните професионалци и давателите на социјални услуги во заедницата, како и активности за подигнување на јавната свест.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022