Прв ден од виртуелната посета во рехабилитациониот центар Валакупиаи

На првиот ден, од трите планирани, од виртуелната студиска посета во Центарот за рехабилитација Валакупиаи во Вилниус, Литванија, одржан на 14 април 2021 година, учествуваа педесетина социјални професионалци и претставници од јавни и приватни даватели на социјални услуги.

Низ центарот, како и низ практичното искуство со модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги во Литванија ги водеа нивните литвански колеги.

Раса Норикита Устинависчинеа го претстави центарот и даде исцрпен преглед на капацитетите (вработени, инфраструктура, финансирање), како и на услугите во центарот. првата сесија со излагањето на Норикита Устинависчинеа и одговорите на многуте прашања од македонските колеги можете да ги погледнете во видео снимката.

Втората сесија на 14 април беше посветена на виртуелната прошетка низ Центарот за рехабилитација Валакупиаи, под водството на Наталија Марковскаја. Учесниците имаа можност преку видео снимка да ги видат просториите, салата за работна терапија, дел од програмата за поддршка на независно живеење на лицата со попреченост, како и атмосферата во т.н. социјална работилница која ја претстави Сандра Сервутатитие. Втората сесија можете да ја гледате овде.

Во третата сесија, Раса Гениене, Виш специајлист во Одделенетето за социјални услуги во Министерството за социјална сигурност и труд на Литванија даде преглед на историјата на деинституционализацијата во Литванија, креирањето политики за услугите во заедницата, како и актуелните предизвици.

Гледајте ги сите сесии од првиот ден на виртуелната студиска посета:

Повеќе материјали:

Галерија на слики: