Разговараме со градоначалникот на општината, Лазар Петров за состојбите и подобрувањата што ќе ги донесе новиот Локален социјален план. Демир Капија е една од осумте општини, која со поддршка од овој проект, за прав пат усвои локален социјален план за периодот 2021-2024, како дел од пошироката национална реформа за организирање на системот на социјалната заштита врз принципите на деинституционализација, плурализација и децентрализација. Општината веќе има големо искуството во процесот на деинституционализацијата и трансформацијата на Специјалниот завод Демир Капија и беше активно вклучена во првиот бран на преселба на лицата со интелектуална попреченост во мали станбени единици.