Теренски посети на партнерите во процесот на мониторинг и евалуација на социјалните услуги
Во последната фаза од пилотирањето на процесот на мониторинг и евалуација на социјалните услуги, проектниот тим ги посети лиценцираните даватели на социјални услуги кои практично го тестираат процесот на прибирање и обработка на податоци, како и одготвивање периодични извештаи и се дел од процесот на воведување на стандардизирано и унифицирано известување на сите даватели на социјални услуги.
Во Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица, заедно со координаторката на услугата помош и нега во домот, Жане Органџиева, проектниот тим работеше на подготовка на годишниот извештај за испорачана услуга. Особено внимание се посвети на претставување на стручните процедури, сервисните активности и пресметка на ефикасните часови поминати во испорака активностите. За координаторот на услугата од огромна важност се обрасците за известување на неделна и месечна основа по корисник. Редовното внесување на податоци за сервисните активности и ефикасни часови од страна на негувателите помага многу побрзо да се пресматаат и истите да се пренесат во годишниот извештај за целата услуга. Воедно, редовното следење на напредокот кај корисниците од страна на негувателите и навременото известување до координаторот е особено важно и претставува меродавен показател за тоа дали има влошувања или подобрувања во состојбата кај корисниците.
Во Инклузива-Inkluziva, каде што со координаторка на услугата лична асистенција е Драгана Максимовска Стојковски, проектниот тим работеше на подготовка на стандардизираниот годишен дигитален образец за известување за испорачаната социјална услуга лична асистенција. Се посвети големо внимание на анализа на наодите од направената проценка на задоволството на корисниците од услугата. Се дискутираа домените согласно кои се мери квалитетот на услугата, а воедно се обрна внимание и за потребата од редовно хранење на системот со податоци за месечниот напредок кај корисниците, со цел на крајот на годината да имаме точни и веродостојни податоци за постигнати резултати на ниво на корисници.
Во Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, заедно со Далиборка Златева, проектниот тим работеше на пополнување на годишниот извештај за испорачана услуга-живеење со поддршка, како и проценка на задоволството на корисниците од услугата. Проектниот тим разви стандардизиран образец за известување на годишно ниво на ниво на корисник, услуга, како и стандардизиран инструмент за мерење на задоволството на корисниците од услугата и вработените.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022