Виртуелна студиска посета: Центар за рехабилитација Валакупиаи во Литванија, април 2021

Со цел да се создаде можност за размена на искуства и увид во позитивните модели и најдобрите практики на социјалните услуги во заедницата, проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“ организира виртуелна студиска посета за 20-25 социјални професионалци и јавни и приватни даватели на услуги од Република Северна Македонија.

Во текот на три дена, во април 2021 година, учесниците виртуелно ќе го посетат центарот за рехабилитација Валакупиаи во Вилнус, Литванија.

Главната цел на организирање на оваа виртуелна студиска посета е да обезбеди преглед на процесот на деинституционализацијата во Литванија, да ги унапреди разбирањето и знаењето и изградените вештини и компетенции на учесниците за услуги во заедницата за лица со попреченост: услуги за дневна нега, услуги за вработување, како и унапредување на разбирањето и знаењето и изградените вештини и компетенции на учесниците за методите и алатките за квалитет на услуги и иновации, и пристап ориентиран кон корисникот.

Виртуелните посетители, од 20 до 25 социјални професионалци, ќе бидат поканети од јавните и приватните даватели на услуги: дневна нега, рехабилитација, домашна нега, како и од надлежни институции: Министерството за труд и социјална политика, Центри за социјални работи, Заводот за социјални дејности, општините и др.

Виртуелната студиска посета ќе се организира три дена (на 14, 20 и 27 април 2021 година), со две тематски сесии секој ден, преку сесии во живо со Зум со презентации, видеа, прашања и одговори. Учесниците ќе бидат запознаени со портфолиото на Центарот за рехабилитација Валакупиаи, ќе имаат можност да ја видат видео турата низ центарот, да се запознаат со историјата на процесот на деинституционализација во Литванија, како и моделот на поддржано вработување и иновациите во услугите за вработување, да слушнат сведочења на корисниците, да се запознаат со иновациите во услугата за стручна рехабилитација, како и влијанието на Ковид 19 врз лицата со попреченост во Литванија.