Втор ден од виртуелната посета во рехабилитациониот центар Валакупиаи

Вториот ден од виртуелната студиска посета во Центарот за рехабилитација Валакупиаи во Вилниус, Литванија, се одржа на 20 април 2021 година. Шеесетина учесници, главно социјални професионалци и претставници од јавни и приватни даватели на социјални услуги од земјава, имаа можност да ги слушнат искуствата и да продискутираат со колегите од Литванија за прашањата и предизвиците поврзани со услугата за поддржано вработување и за услугата поддршка при донесување на одлуки.

Состојбите на литвански пазар на труд, практиките за поддржано вработување, како и иновации во услугите кои се воведуваат преку проекти за вработување ги претстави Дариуш Танкелиун. Тој исто така даде исцрпни одговори на многуте прашања од македонските колеги. Првата сесија можете да ја погледнете овде.

Во втората сесија, Довиле Сабалиаускаите и Года Гудиене од Центар за рехабилитација Валакупиаи ја претставија услугата „Поддршка при одлучување“, услуга која сеуште не се нуди во Северна Македонија.

Третата сесија беше посветена на опсежна дискусија.

Гледајте ги сите сесии од вториот ден на виртуелната студиска посета:

Повеќе материјали:

Галерија на слики: