Втор настан за градење на општинските капацитети: Развој на локални социјални услуги

Вчера, во х. Мериот во Скопје, се одржа вториот настан за обука и градење на капацитетите на тема „Развој на локални социјални услуги“, организиран заедно со Министерството за труд и социјална политика и Европската Делегација, во соработка со ЗЕЛС.

Преставници од 24 општини имаа можност да разменат практични искуства од мапирањето на проценкате на потребите за социјални услуги во општините, добија практични насоки за вопоспоставување приоритети за услугите во локалниот социјален план по мапирањето/проценката на потребите, и разменуваат искуства за најдобрите практики во земјата за воспоставување услуги со користење на внатрешниот општински буџет.

Ова е втор, од планираните три настани кои ги се организираат за поддршка на локалните самоуправи да ги мапираат локалните потреби и постоечките социјални услуги, да развијат локални социјални планови и нови услуги во заедницата, да ги идентификуваат давателите на социјални услуги и да понудат одржливост и понатамошен развој на веќе воспоставени услуги кои во моментов се финансираат преку грантови.

Во втoриот дел од настанот беа презентирани најдобри практики во земјава со воспоставување услуги со користење на внатрешниот општински буџет, и тоа на неколку тематски дискусии: Прифатен центар за жени жртви на насилство и лична асистенција на ученици со попреченост, Образовни асистенти за ученици со попреченост и советувалиште за жртви на семејно насилство и советувалиште за жртви на семејно насилство. На настанот присуствуваат преставници од општините Битола, Куманово, Центар Жупа, Кавадарци, Велес, Тетово, Прилеп, Штип, Кочани, Струмица, Берово, Свети Николе, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Карпош, Центар, Арачиново, Врапчиште и Босилово.