Започнува доделувањето сертификати за социјалните професионалци и давателите на социјални услуги
Од денеска, проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ започнува со доделувањето на 520 сертификати за учество на учесниците на осум обуки кои ги исполнија критериумите за активно учество.
На осумте обуки, одржани во периодот мај-јуни 2021, учествуваа социјални професионалци, јавни и приватни даватели на социјални услуги, претставници од единиците за локална самоуправа.
Обуките, организирани во соработка со одделението за ИПА при Министерството за труд и социјална политика и Заводот за социјални дејност, придонесоа кон континуиран професионален развој на професионалците кои работат во секторот за социјални дејности на национално и на локално ниво, како и давателите на социјални услуги кои воспоставуваат нов социјален сервис во заедниците.
Одржаните обуки, како и обуките кои ќе се одржуваат на есен, се развиени според показателите на спроведената анкета за проценка на потребите за професионален развој, во која учествуваа повеќе од 700 социјалните професионалци.
Поддршката на социјалниот сектор за професионален развој продолжува на есен, со нова серија обуки.
Материјалите од обуките во пролетната сесија (видео и лекции) се достапни за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Можете да ги најдете на нашата интернет платформа, во секцијата Видео обуки.
За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022