Обука „Годишно известување на лиценцирани даватели на социјални услуги“

Процесот на поддршка за лиценцираните даватели на социјални услуги во подготовката на Годишните извештаи за испорачани услуги, и во воспоставувањето на стандардизирано и унифицирано известување на сите даватели на социјални услуги, го продолжуваме со денешната обука.

Обуката е релевантна за лиценцираните даватели на услугите: помош и нега во домот, лична асистенција, живеење со поддршка и дневно згрижување.

Настанот, кој се организира во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Европската делегација, е продолжение на работилницата за градење на капацитетите, одржана на 26 септември 2022 година, под наслов „Мониторинг и евалуација на лиценцираните даватели на социјални услуги“.

Настанот го отворија преставникот од Делегацијата на ЕУ, Нафи Сарачини, тим лидерката на проектот Марија Маринаку, преставничката од Заводот за содијални дејности Ивана Двојакова и експертката Александра Георгиевска.

Настанот продолжи со дискусија „Моменталните практики за спроведување проценка на задоволството на корисниците од услугата и вработените“.

Во втората сесија за размена на искуства, насловена „Стандардизирани годишни извештаи од перспектива на одбраните пилот организации“ се обрати експретката Александра Георгиевска, дел од проектниот тим, која го координираше неколкумесечниот просец на пилотирање на мониторингот и евалуацијата на социјалните услуги.

На сесијата, за своите искуства во подготовката на годишните извештаи, говореа претставници од трите пилот организации: Здружението „Инклузива“ Куманово, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености-Велес и Црвен Крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Струмица. Попладневната сесија од обуката беше посветена на претставување на водичот за соодветно разбирање и подготовка на годишниот извештај за испорачана социјална услуга. Педесетина учсеници, даватели на социјални услуги и социјални професионалци, исто така имаа можност да се запознаат со ЛЕСНО ЧИТЛИВИ документи за социјалните услуги помош и нега во домот и услуга на дневно згрижување, и да учествуваат во дискусија за полезноста од предложените обрасци за известување на годишно ниво и проценка на задоволството на корисниците. Презентацијата на лесно читливите документи ја водеше тим лидерката Марија Маринаку.