Од 6 мај започнуваат обуките за социјални професионалци и даватели на услуги

Со активно учество од над 350 испитаници во анкетата за Проценка на потребите за обука, интервјуа и фокус групи ги утврдиме недостаточните знаења и вештини што сакате да ги надградите, обновите или освежите. Токму тоа и ќе бидат областите каде што ние ќе Ви ја пружиме потребната обука!

Првите 9 обуки ќе се спроведат во текот на мај и јуни 2021 година на теми коишто Вие лично ги избравте како најважни за Вас.

Зачувајте си ги овие датуми!

Вовед во следење и оценување на социјалните услуги6 мај, четврток

Лиценцирање на давателите на социјалните услуги11 мај, вторник

Осмислување, управување, следење и оценување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата18 мај, вторник

Мапирање на локалните потреби и услуги25 мај, вторник

Изработка на индивидуални планови за лицата со попреченост и другите ранливи групи27 мај, четврток

Управување на различните видови показатели (прибирање податоци и проток на информации) за време на давањето на социјалните услуги и услуги во заедницата за лицата со попреченост1 јуни, вторник

Изработка на локални социјални планови8 јуни, вторник

Изработка на индивидуални планови за социјални услуги15 јуни, вторник

Иновативни услуги на дневен престој22 јуни, вторник

За секоја поединечна обука избраните кандидати ќе добијат посебно писмо на покана, приближно 7-10 дена пред закажаната обука, со потребните конкретни информации и придружни материјали.

Кога ќе ја добиете поканата за поединечната обука, ќе треба да ни одговорите на е-дописот и да ни го потврдите своето учество. Во спротивно, Вашето место ќе му биде доделено на друг учесник. Ќе се раководиме според приоритетната листа на кандидати.

Сите наши обуки ќе се изведат како 4-часовни онлајн средби (10:00-13:45 ч.) на платформата Зум. Ве молиме на време да ги преземете сите мерки за да си обезбедите тивка просторија, доволно јак компјутер, функционални камера, микрофон и слушалки, како и стабилен интернет-сигнал. Исто така, проверете дали сте ја симнале најновата верзија на Зум, за да може да ја активирате функцијата за симултано толкување на македонски.

Ова не се вебинари, ова се пост-квалификациски обуки! Од Вас ќе очекуваме непречено да внимавате во текот на целата обука и активно да учествувате.

Подетални упатства за потребните подготовки околу обуките ќе добиете со поединечните покани.

Запомнете!

Градејќи ги своите капацитети, на лично ниво, станувате подобро квалификувани да си ги извршувате своите работни задачи како стручни работници за социјална заштита; но, на колективно ниво, Вие придонесувате за создавање на ефикасен, повеќе инклузивен и врз луѓето фокусиран сектор на социјални услуги во државата.

За да бидете во тек со нашите обуки и другите тековни случувања, следете нè на нашата ФБ страница (https://www.facebook.com/CapacityBuildingforCommunityBasedServices) и редовно посетувајте ја нашата Платформа за социјални услуги (https://socialservicesplatform.eu/mk/).