Подготвен планот за тематски обуки

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ подготви план за серија тематски обуки, наменети за неколку специјализирани целни групи: стручни работници од јавните и приватните даватели на социјални услуги, центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности, социјалните инспектори од МТСП, професионалци кои работат во граѓанскиот сектор, ресорни министерства, Агенцијата за вработување, како и за лица со попреченост и нивните родители. Обуките ќе ги држат познати европски и национални експерти.

Обуките ќе бидат достапни на два начина, Обуки во живо, преку комуникациска платформа Зум, организирани во периодот мај-јуни 2021 година и Видео обуки достапни со регистрација на оваа платформа, по завршувањето на обуките во живо.

Обуките ќе ги одржуваат реномирани европски и национални експерти.

Учество на обуките во живо

Првите петнаесет (15) тематски обуки во живо ќе бидат организирани во периодот мај – јуни 2021 година, од кои девет (9) обуки се организираат во соработка со Заводот за социјални дејности – Скопје.

КАРАКТЕРИСТИКИ И НАЧЕЛА ЗАЕДНИЧКИ ЗА СИТЕ ТЕМАТСКИ ОБУКИ и УЧЕСТВО НА ОБУКИТЕ ВО ЖИВО:

  • Девет (9) обуки се акредитирани од страна на Заводот за социјални дејности (ЗСД);
  • Обуките во живо се организираат онлајн (преку платформата ЗУМ);
  • За учество на обуките во живо, пополнете ја анкетата за Проценка на потребите за обука, на https://bit.ly/3pzLoZd;
  • Потенцијалните учесници на обуките во живо ќе бидат поканети по е-пошта;
  • Учесниците ќе бидат поканети на обуките во живо врз основа на зададени критериуми;
  • Стручни работници лиценцирани од ЗСД:
    • Стручни работници што ќе се лиценцираат во текот на наредната година
    • Стручни работници од давателите на социјалните услуги коишто се пријавиле за лиценцирање
    • Стручни работници коишто ја пополниле анкетата за Проценка на потребите од обука (ППО) во рамките на Проектот (задолжително за сите категории) и коишто зеле учество во личните интервјуа и фокусните групи за потребите на ППО
    • Стручни работници од различни средини (попреченост, етничка припадност и сл.)
  • Учесниците треба да дојдат подготвени на Обуките во живо;
    • Потребните материјали ќе им се достават најмалку една недела пред обуката.

За да го контактирате проектниот експерт за ППО, пишете на: tna.cbs@eptisasee.com.

За да го контактирате Заводот за социјални дејности, пишете на: juzsd@mtsp.gov.mk

Повеќе информации и упатства за обуките во живо, времето на одржување, содржината и очекувањата за активно учество ќе бидат дадени пред почетокот на обуките, на следниот линк.

Погледнете го планот на обуки и за кого се наменети, на следниов линк.

Пристап до Видео обуки

Сите Обуки во живо ќе бидат снимени и објавени заедно со потребните материјали за обука во делот Видео обуки, по завршувањето на онлајн обуката во живо.

Нашите ВИДЕО ОБУКИ се „асинхрони“ обуки на интернет, наменети главно за професионалци кои работат во сферата на социјалните услуги во Република Северна Македонија, и кои сакаат да ги надградуваат своите вештини и компетенции, во време кога ним им одговара.
Сите материјали од обуките (видеа, презентации, и други ресурси) ќе бидат поставени на нашата Платформа за социјални услуги за секој заинтересиран да има пристап до нив.


За да имате пристап до нашите ВИДЕО ОБУКИ, потребно е да:

Сите ВИДЕО ОБУКИ ќе бидат објавени на нашите социјални медиуми. Следете нè на Платформата за социјални услугиФејсбукИнстаграмТвитер.
За повеќе детали, контактирајте го проектниот експерт за проценка на потребите за обука: tna.cbs@eptisasee.com