Наскоро! Започнуваат тематските обуки

Петнаесет тематски обуки, дел од нив организирани во соработка со Заводот за социјални дејности (ЗСД), ќе се одржат онјалн во периодот мај – јуни 2021 година. Дополнителниот список на тематски обуки ќе биде објавен во јули 2021 година. Следете нè на  Плaтформата за социјални услугиFacebookInstagramTwitter.

Дополнителни информации и упатства за обуките, времето на одржување, содржината и очекувањата за активно учество ќе бидат дадени пред почетокот на секоја обука, на следниот линк.

Погледнете го планот за обуки и за кого е наменет.

Обуки во организирани во соработка со ЗСД според Планот за континуиран професионален развој:

НАСТАВЕН МОДУЛ 1: ВОВЕД ВО СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ

Зголемување на свесноста, знаењата, вештините и способностите за следење и оценување при давање на социјалните услуги и услуги во заедницата и запознавање со институционалната поставеност за вршење на следењето и оценувањето на сите нивоа преку дефинирање на правата и обврските на сите засегнати страни на локално и централно ниво.

Наменета за: Лиценцирани стручни работници во системот на социјалната заштита, вработени во центрите за социјална работа, јавните и приватните установи за вон семејна заштита и кај други даватели на социјални услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 2: ОСМИСЛУВАЊЕ, УПРАВУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Целта на оваа обука е да се зајакнат знаењата, вештините и способностите за значењето и важноста на осмислување и испорачување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата и како активностите за следење и оценување може да ги поддржат овие процеси.

Наменета за: Лиценцирани стручни работници во системот на социјалната заштита, вработени во центрите за социјална работа, јавните и приватните установи за вон семејна заштита и кај други даватели на социјални услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 3: УПРАВУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ ВИДОВИ ПОКАЗАТЕЛИ (ПРИБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ И ПРОТОК НА ПОДАТОЦИ) ЗА ВРЕМЕ НА ДАВАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ И УСЛУГИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Целта на оваа обука е да се развијат и подобрат знаењата, вештините и способностите за прибирање податоци и проток на податоци согласно 3-те вида показатели (инпути, аутпути и исходи од различните видови социјални услуги – квантитативни и квалитативни показатели, показатели за мерење на исходот и влијанието на услугите и контролни показатели).

Наменета за: 35-40 стручни работници од јавните и приватните даватели на услугите, центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности, социјалните инспектори од МТСП.

НАСТАВЕН МОДУЛ 4: ЛИЧНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ДРУГИ РАНЛИВИ ГРУПИ

Целта на оваа обука е да се намали јазот помеѓу долгорочната невработеност и пазарот на трудот за лицата со пореченост а со тоа и борба против нивно социјално исклучување. Да обезбеди пристапот до социјалните услуги во заедницата и да се намали бројот на лица сместени во резиденцијалние установи.

Наменета за: Лиценцирани стручни работици во системот на социјалната заштита, вработени во јавните и приватни установи за вон семејна заштита, центрите за социјална работа  и  кај други даватели на социјални услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 5: ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ВРАБОРУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ДРУГИ РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Промовирање на работно интергацискиот процес преку професионалната рехабилитација и вработување на лица со попреченост,  да обезбеди пристап до социјалните услуги, да се зголеми бројт на вработени лица и нивно вклучување во заедницата, наспроти социјалното исклучување.

Наменет за: Лиценцирани стручни работици во системот на социјалната заштита, вработени во јавните и приватни установи за вон семејна заштита, центрите за социјална работа  и  кај други даватели на социјални услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 6: ИЗРАБОТКА НА ИНДИВИДУАЛНИ ПЛАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ

Целта на оваа обука е да се зајакнат капацитетите на стручните работници кои работат во системот на социјална заштита и другите засегнати страни на локално ниво за изработка на индивидуални планови согласно со потребите на корисникот на услугите.

Наменета за: Лиценцирани стручни работници вработени во центрите за социјална работа и кај давателите на услугите за дневен престој и помош и нега во домот

НАСТАВЕН МОДУЛ 7: ИНОВАТИВНИ УСЛУГИ ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ

Целта на оваа обука е да се зајакнат знаењето и разбирањето на стручните работници за социјална заштита за начелата на иновации во услугите на дневен престој за деца, младинци и возрасни лица. Обуката на учесници ќе им обезбеди вештини и способности, алатки и методи за осмислување на нови, иновативни услуги и активности на отворено и затворено врз основа на индивидуализирање, групна работа и ангажирање на семејството и заедницата.

Наменета за: Лиценцирани стручни работници вработени во центрите за социјална работа и кај давателите на услугите за дневен престој и помош и нега во домот

НАСТАВЕН МОДУЛ 8: СПРАВУВАЊЕ СО КОРИСНИЦИ СО ПРОБЛЕМАТИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

Целта на оваа обука е да се создаде подлабоко разбирање на агресивното, самоповредувачкото или деструктивното однесување на децата, младинците и возрасните лица. Обуката на учесниците ќе им овозможи да развијат вештини и способности, алатки и методи за справување со проблематично однесување, минимизирање  на ризиците, техники за комуникација, деескалација, разбирање на однесувањето, фактори на стрес и лична безбедност како за корисникот така и за давателот на услугата

Наменета за: Лиценцирани стручни работници вработени во центрите за социјална работа и кај давателите на услугите за дневен престој и помош и нега во домот

НАСТАВЕН МОДУЛ 9: РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ДОЛГОРОЧНА ГРИЖА

Целта на оваа обука е да се изградат вештините и способностите на стручните работници за социјална заштита за системски приод во осмислувањето на долгорочната грижа за стари лица и лица со попреченост со фокус врз згрижување во заедницата, претежно помош и нега во домот. Примери од Германија и ЕУ.

Наменета за: Лиценцирани стручни работници во системот на социјална заштита, вработени во центрите за социјална работа, установи за вон семејна заштита и кај давателите на социјални услуги: помош и нега во домот, давателите на социјалните услуги

Други обуки:

НАСТАВЕН МОДУЛ 10: МАПИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ И МАПИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ

Целта на оваа обука е да се зајакнат капацитетите на надлежните институции во општините (вклучително и на единиците на локалната самоуправа) да ја идентификуваат моменталната демографска структура на граѓаните и да ги мапираат социо-економските потешкотии со кои се соочуваат. Во овој контекст, обуката ќе обезбеди информации за тоа како да се анализира локалната ситуација, да се собираат достапните податоци од официјалните статистички извори, да се собираат достапните податоци од административните извори, да се собираат достапните информации од граѓанските здруженија, разговорите со експертите и фокусните групи, како и истите да се обработат за да се овозможи создавање и спроведување на локални политики, програми и мерки на полето на социјална заштита. Секој од чекорите ќе се заснова на процената на капацитетите / ресурсите и потребите на локалната заедница, идентификуваните ранливи групи и нивните потреби, достапните услуги и осмислување на нови соодветни услуги на локално ниво.

Наменета за: 35-40 стручни работници во Општините, ЕЛС

НАСТАВЕН МОДУЛ 11: ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНИ СОЦИЈАЛНИ ПЛАНОВИ

Целта на оваа обука е да се зајакнат капацитетите на надлежнитеинституции во општините (вклучително и единиците на локална самоуправа) за изработка на социјални планови на локално ниво, согласно законските обврски од член 142 од Законот за социјална заштита. Со обуката ќе се зајакнат капацитетите на локално ниво да презема водечка улога во развојот на локалните системи на социјални услуги преку локални иницијативи и меѓусекторска соработка.

Наменета за: 35-40 стручни работници во Општините, ЕЛС

НАСТАВЕН МОДУЛ 12: ЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА ДАВАТЕЛИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ

Зајакнување на капацитетот на јавните и приватните даватели на социјалните услуги за подготовка и обезбедување на неопходната документација за добивање лиценца за вршење работи на социјална заштита согласно законските обврски од член 163 и 167 од Законот за социјална заштита. Во тој контекст, јавните и приватните даватели на социјалните услуги ќе ги изградат своите капацитети за правилно толкување и примена на правилниците и поблиску пропишаните услови и критериуми за лиценцирање.

Наменета за: 35-40 јавни и приватни даватели на социјалните услуги (јавни институции, единиците на локалната самоуправа, приватните даватели на социјалните услуги, граѓанските здруженија).

НАСТАВЕН МОДУЛ 13: ЛИДЕРСТВО И РАКОВОДСТВО ВО СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЖБИ

Целта на оваа обука е да се зајакнат вештините и капацитетите на директорите и раководителите на социјалните служби при нивното стратешко планирање, управување со обемот на работа на персоналот, поставување таргети за случаите, градење на силна тимска работа во социјалните услуги, зајакнување на процесот на следење и оценување на персоналот и нивен развој.

Наменета за: 35-40 стручни работници за социјална заштита од центрите за социјална работа, дневен престој, помош и нега во домот, давателите на социјалните услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 14: РАБОТАТА ВО ЗАЕДНИЦА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ –РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛЕН КАПИТАЛ

Целта на оваа обука е да се зајакне разбирањето на социјалните работници, социолозите и другите стручни работници за социјална заштита за улогата на заедницата во „континуумот на грижата“, системот на неформална поддршка, развојот на теренски услуги, градењето мрежи и развојот на социјален капитал.

Наменета за: 35-40 стручни работници за социјална заштита од центрите за социјална работа, дневен престој, помош и нега во домот, давателите на социјалните услуги.

НАСТАВЕН МОДУЛ 15: УПРАВУВАЊЕ СО ОБЕМОТ НА РАБОТАТА – УЛОГАТА НА СУПЕРВИЗИЈАТА

Целта на обуката е да се зајакне разбирањето на директорите, супервизорите и водителите на случаиво секторот на социјални услуги за важноста на управувањето на обемот на работата на персоналот, улогата на супервизоротво давањето стручна поддршка на водителот на случај за поединечните случаи како и на директорот при советување како да го распредели обемот на работата.

Наменета за: 35-40 стручни работници за социјална заштита од центрите за социјална работа, дневен престој, помош и нега во домот, давателите на социјалните услуги.

Повеќе информации и упатства за обуките, времето на одржување, содржината и очекувањата за активно учество ќе бидат дадени пред почетокот на секоја обука, на следниот линк.

Повеќе информации за секоја индивидуална обука можете да најдете во делот Видео обуки.