Серијата обуки за специјални едукатори продолжи во Велес и Битола

Серијата обуки за специјални едукатори продолжи во ноември 2021 со уште две обуки кои се одржаа во ОУРЦ „Маца Овчарова“ во Велес и ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола. на обуката во Битола се приклучија и специјалните едукатори од битолското ООУ „Ѓорѓи Сугаре“. На обуките во Велес и Битола активно учествуваа 58 специјални едукатори.

Со идеја да го доближиме развојот на капацитети до социјалните професионалци, нашиот проектен тим организираше три обуки на тема „Окупациона терапија во училишна средина“ за специјални едукатори, дефектолози, педагози, психолози и други специјализации во училиштата за рехабилитација и едукација на ученици со посебни образовни потреби. Обуките ги одржаа обучувачот Стојан Андонов, со над 40 години искуство во рехабилитација и здравствена заштита, и Марија Маринаку, Тим лидер на проектот и експерт повеќе од 25 години професионално искуство во обука и градење капацитети во областите на социјална инклузија / попреченост / активирање / социјална работа / социјални услуги и дизајн на социјални политики. Во периодот октомври – ноември 2021, проектот организираше и одржа пет обуки за специјални едукатори, со повеќе од 180 учесници

Галерија од тренинг сесиите:

11 ноември – ОУРЦ „Кочо Рацин“ и ООУ „Ѓорѓи Сугаре“ во Битола

6 ноември – ОУРЦ „Маца Овчарова“ во Велес

Прочитајте за тренинзите во октомври 2021 на следниов линк.