Трет ден од виртуелната посета во рехабилитациониот центар Валакупиаи

Виртуелната студиска посета во Центарот за рехабилитација Валакупиаи во Вилниус, Литванија, заврши на 27 април 2021 година, со учество на педесетина учесници, социјални професионалци и претставници од јавни и приватни даватели на социјални услуги од земјава. Фокусот на последната онлајн средба со колегите од Литванија беше ставен  на рехабилитацијата преку работа, поддржано вработување, како презентација на влијанието на Ковид -19 врз лицата со попреченост во Литванија

Јусте Гулбинаите – Римкиене ги презентираше услугите за рехабилитација преку работа кои ги овозможува Центар за рехабилитација Валакупиаи. Во детали го разработи пристапот кон потребите на корисниците, методите и алатките кои ги користи центарот, начините на мониторинг и процента на квалитетот на услугите, како и капацитетот кој го нуди Валакупиаи. Видеото од првата сесија можете да ја погледнете овде.

Во втората сесија, Евгенија Даниелеиуте во детали ги претстави услугите за интеграција на млади: поддржано вработување, соработка со работодавци, работа со родители и даде неколку студии на случај.

Третата сесија беше можност учесниците да ги искажат своите впечатоци и да направат паралела помеѓу искуствата и практиките во Северна Македонија, со оние во Литванија. Едновремено, Раса Норикита Устинависчинеа, од Центар за рехабилитација Валакупиаи, го презентираше влијанието на КОВИД -19 врз лицата со попреченост во Литванија, како и преземените мерки и мрежите за поддршка.

Тридневната виртуелна студиска посета е дел од активностите на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ за градење на капацитетите на професионалците кои работат во сферата на социјалните услуги во Република Северна Македонија. Оваа единствена можност ја искористија стотина социјални професионалци и претставници на давателите на социјални услуги во земјава, кои низ тридневната виртуелна посета се запознаа со многу аспекти и предизвици, како и со искуствата во спроведувањето на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги во Литванија.

Голема благодарност до колегите од Центарот за рехабилитација Валакупиаи за нивната несебична посветеност и можноста за споделување искуства.

Видео записите од сесиите од студиската посета на 14 и на 20 април 2021 можете да ги погледнете во нашите прилози:

ПРВ ДЕН ОД ВИРТУЕЛНАТА ПОСЕТА ВО РЕХАБИЛИТАЦИОНИОТ ЦЕНТАР ВАЛАКУПИАИ – 14.04.2021

ВТОР ДЕН ОД ВИРТУЕЛНАТА ПОСЕТА ВО РЕХАБИЛИТАЦИОНИОТ ЦЕНТАР ВАЛАКУПИАИ – 20.04.2021

Гледајте ги сите сесии од третиот ден на виртуелната студиска посета:

Повеќе материјали:

Галерија на слики: