Поддршка на станбените единици за деца – Резултати од нашата новогодишна кампања

Како продолжение на нашата Национална кампања за подигање на јавната свест „СТАВЕТЕ НЀ НА ВАШИОТ ЅИД“, проектот ги искористи дизајните на уметникот Зоран Кардула за креирање новогодишни честитки. Дизајните за кампањата за подигање на свеста за правата и потребите на лицата со попреченост беа искористени за изработка на пет (5) дизајнирани новогодишни честитки, кои во стилизирана форма прикажуваат неколку состојби на попреченост (дислексија, аутизам, Даунов синдром, дијабетес кај деца, оштетен слух).

Продажбата на новогодишните честитки беше искористена за собирање средства за децата, штитеници на 14 поддржани групни домови, лоцирани во Скопје, Неготино и Демир Капија. Со 14-те групни домови раководат поранешните установи: Специјалниот завод Демир Капија, Детскиот дом „11 Октомври“ – Скопје, Домот за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување „25 Мај“ – Скопје и Заводот за згрижување. „Ранка Милановиќ“ Скопје.

Собирањето средства за децата го организиравме во спомен на Софи Бумо (1967 – 2021), службеник за политики на ЕК и проект менаџер за образование, социјална политика, инклузија и еднакви можности при Делегацијата на ЕУ во Скопје во периодот 2015 – 2020 година. Софи беше посветена на социјалната инклузија и правото на лицата со попреченост да живеат самостојно.

Собраните средства, во готово и во производи, од продажбата на новогодишните честитки беа донирани за лични потреби на децата и за прослава на новогодишните и божиќните празници (присуство на културни настани, дружење, подароци и сл.) .

Активноста беше дарежливо поддржана од ГО „КМОП“, Делегацијата на Европската Унија, ГО „ХЕРА“ со два ваучери за ресторан, компанијата ЕПТИСА и нашата тим лидерка. Секој од групните домови доби иста сума на пари или производи во висина од 50 евра, за користење според потребите или желбите на децата.

Во периодот јануари – февруари годинава, децата ги искористија средствата за посета на ресторани или достава на омилената храна, купување производи за лични употреба или пак според потребите на групниот дом: козметика, влечки, предмети за домаќинството (тостер, фен, ѕидни часовници), пижами и долна облека, облека, технички предмети како слушалки и компјутерски глушец, др.