Обуки во живо

ОБУКИТЕ ВО ЖИВО, кои ќе се одржуваат на преку комуникациската платформа Зум на интернет, главно се наменети на професионалци кои работат во сферата на социјалните услуги во Република Северна Македонија, и кои сакаат да ги надградуваат своите вештини и компетенции. Учесниците на овие обуки ќе бидат лично поканети да учествуваат.
За да се КВАЛИФИКУВАТЕ за нашите ОБУКИ ВО ЖИВО, потребно е:

  • Пополнете го Прашалникот за проценка на потребите за обука на линкот: https://bit.ly/3pzLoZd
  • Креирајте лична сметка на платформата Зум за да можете да го докажете учеството
  • Имајте стабилна интернет-врска за да можете непречено да учествувате на онлајн обука
  • Учесниците треба да дојдат подготвени на обуките
    • Материјалите за обука ќе им бидат испратени најмалку една недела пред обуките

Обуките ќе ги одржат реномирани европски и национални експерти.
Повеќе информации и упатства за одржувањето на обуките, содржините и очекувања за активно учество ќе бидат дадени пред најавата на секоја обука, а учесниците ќе бидат поканети по е-пошта да се пријават.
За сите ОБУКИ ВО ЖИВО,  по завршувањето, ќе бидат доделени СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРИСУСТВО.

За да го контактирате проектниот експерт за проценка на потребите за обука: tna.cbs@eptisasee.com

Продолжува поддршката за општините за развој на локални социјални планови

Функционалната модернизација на социјалните услуги, како и деинституционализацијата, се невозможни без обезбедување услови за воведување нови услуги...

Теренска посета на лиценцираните даватели на социјални услуги – партнери во пилотирањето на просецот на мониторинг и евалуација на социјалните услуги

Проектниот тим ги оствари првите посети на терен, на лиценцираните даватели на социјални услуги, вклучени во пилотирањето...

Започнува процесот на пилотирање и тестирање на алатките за мониторинг и евалуација на социјалните услуги

Во напорите за модернизација на социјалните услуги, проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ започнува...

Продолжува доделувањето сертификати за социјалните професионалци и давателите на социјални услуги

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ додели 190 нови сертификати за учество на учесниците...